Заплеткан во алгите, костим за капење што наликува како оној што денот кога исчезна во морето го носел Мартин, граѓанин го пронашол на плажата во Катерини. Го сликал, но не го земал со себе.
„Човекот ми ја испрати фотографијата со костим за капење меѓу алги, но за жал не ги задржал. Пристигнавме на самото место и со помош на спасувачкиот тим Пиерија – ДОП, кој ни го даде чамецот, ја пребаравме областа до делтата Аксиос, но залудно“, изјави Христор Рамос, шеф на спасувачката служба ОФКАТХ.
Конкретно, потрагата на спасувачите со чамецот била ориентирана кон Коринос, Пидна, Аликес Китроу до устието на Аксиос покрај морето, но никаков знак од Мартин не бил пронајден.
Но, оваа фотографија беше доволна семејството да верува дека е на Мартин. „Кога го видела мајката на 31-годишниот, рече дека личи на костимот за капење што го носел Мартин“, истакна шефот на ОФКАТХ.
Досегашната потрага по Мартин во која се вклучени освен грчките крајбрежни служби со спасувачи, бродови и дронови, на Халкидики се мобилизирани и македонски граѓани кои доброволно се вклучија во потрагата.
Досега сите потраги се неуспешни, но активни.