Остатоците од телото што полицијата ги пронајде во националниот парк во Вајоминг одговараат на исчезнатата 22-годишна Габи Петито, но официјалната идентификација се уште не е направена, објави портпаролот на ФБИ, Чарлс Џонс, пренесува Еј-Би-Си њуз.
Тој додаде дека се чека потврда и дека нејзиното семејство е известено.
Инаку, Петито не е видена откако нејзиното момче Брајан Лендри се врати дома на 1-ви септември од неколкумесечното патување без неа.
Петито и Лендри го напуштија Њујорк во јуни, се упатија кон запад со бело комбе и планираа да ги посетат националните паркови и да го документираат патувањето на социјалните медиуми.
Петито ја објави својата последна фотографија на 25 -ти август. Нејзиното семејство верува дека таа се упатила кон националниот парк Гранд Тетон во Вајоминг.
Каде отиде нејзиното момче?
Лендри, кој живеел со Петит во близина на Северното пристаниште, одби да разговара со истражителите.
Неговото семејство во петокот изјавило во полиција дека не го виделе Брајан со денови. Полицијата од Флорида и агенти на ФБИ го поминаа викендот трагајќи по повеќе докази во блиската пошумена област.