Младата Англичанка Kирсти Смит, починала како резултат на преголема доза со дрогата МДМА. Оваа дрога е позната и како екстази, а девојката, како што рекла нејзината мајка, за прв пат во животот пробала опасен опијат.
Кирсти била пронајдена мртва во бањата на нејзиниот стан каде што живеела со своето момче. Нејзините родители не можеле да веруваат што се случило.
Дури и во нивните најлуди соништа, тие не можеле да сонуваат дека вакво нешто може да се случи со нивното дете. Кирсти била добра девојка и никогаш не покажа дека нешто ја мачи. Неколку дена пред нејзината смрт била унапредена на работа.
Погребот на Кирсти бил многу емотивен. Нејзината мајка се збогуваше со ќерка си со зборовите:
“Таа беше убава, сакана ќерка, сестра и тетка. Бевме горди на неа. И понатаму не можеме да поверуваме што се случи. Многу ни недостасува. Нејзината смрт нека биде предупредуање за сите млади кои се двоумат да ги пробат овие опасни супстанци. Заштитете си го животот и не посегнувајте по нив! Немојте да бидете уште еден несреќен пример како мојата ќерка”.