Студентката од Јута, Медлин Ален исчезнала минатата недела, а сега полицијата ја пронашла во куќата на 39-годишниот киднапер Брент Браун.
Мажот е уапсен и осуден за затворска казна, како и за сексуално и физичко малтретирање, пишува NBC.
Исчезнувањето на студентката го пријавило нејзиното семејство на 13 декември, а таа ја напуштила својата соба во студентскиот кампус во 9 часот тој ден.
Според снимките од надзорните камери, Медлин (19) ја напуштила студентската зграда во 21:22 часот. Нејзините родители пријавиле дека исчезнала, а потрагата завршила пет дена подоцна кога била пронајдена и вратена кај нејзиното семејство.
Пресреќни сме што сега е безбедна. Сега е безбедна со нас, но она што го помина е страшно и трауматично. Не можеме ни да разбереме низ што поминала. Таа е борец, храбра е. Благодарни сме што таа е повторно со нас, ќе и помогнеме да се опорави“, велат од нејзиното семејство.
Студентката била спасена од подрумот, каде била пронајдена гола и покриена со јаглен, откако исчезнала минатата недела откако се запознала со своето момче на интернет.
Според инспекторите кои работат на случајот, Брент ја земал дента кога исчезнала и ја однел во град оддалечен 140 километри од нејзиниот студентски кампус.
Родителите се загрижиле кога таа без никаков контекст им испратила порака „Те сакам“. Откако Медлин повеќе не им се јавила, повикале полиција.
Полицијата успеала да го лоцира сигналот на нејзиниот мобилен телефон и почнала да го пребарува теренот. Така стигнале до куќата на Брент, а тој им ја отворил вратата, но одбил да ги пушти да влезат без дозвола од неговите родители, кои го поседуваат имотот.
Еден од инспекторите низ прозорецот од подрумот забележал дека се движи лице со светла коса и ситна градба. После тоа добиле дозвола од родителите да упаднат во куќата и во подрумот нашле девојка која била врзана гола и целосно покриена со јаглен.