49-годишниот пронаоѓач Питер Мадсен,осуден на доживотен затвор за убиството на шведската новинарка Ким Вал во подморница, првпат го призна делото во документарецот емитуван во средата (9-ти септември).
Данскиот пронаоѓач, кого беше интервјуиран по телефон, одговори „да“ кога новинар го праша дали ја убил 30-годишната жена која го интервјуирала во август 2017 година.
-Има само еден виновник, а тоа сум јас. Освен на 10.08.2017 година, никогаш не сум направил ништо на никого, рече тој во документарниот филм.
За време на судењето, Мадсен тврдеше дека смртта на новинарот во подморницата е несреќен случај, но тој призна дека го распарчил нејзиното тело и ги фрлил деловите во морето.
Да потсетиме, Мадсен беше осуден на доживотен затвор за убиството на шведската новинарка Ким Вал во подморница од сопствено производство во 2017 година. Потоа тој одлучи да не се жали на пресудата до Врховниот суд, со што таа стана конечна.
Случајот, единствен во данските судски анали, привлече невидено медиумско внимание во земјата и светот.
Мадсен, пронаоѓач на подморници и ракети, кој се потруди да докаже дека станува збор за несреќен случај, се обиде да добие намалување на казната, но не се жалеше на пресудата што му беше изречена на првостепено ниво.
Мадсен заплови на својата подморница со Ким Вал, кој напиша извештај за него, на 10.08.2017 година.
Нејзиниот партнер пријавил дека исчезнала, а распарченото тело подоцна било извадено од морето.
Патолозите сметаат дека таа „веројатно“ починала од задушување, откако била малтретирана, но тие не можеле со сигурност да ја утврдат причината за смртта поради фактот дека телото било во фаза на распаѓање.
Досега е емитувана само првата епизода од серијата, која се базира на повеќе од 20 часа снимен телефонски разговор помеѓу новинарката и Мадсен, без негово знаење.
Подоцна ѝ дал дозвола на новинарката да ги користи снимките за документарецот.