Доколку патувате во Узбекистан и се заразите од коронавирусот, ќе добиете парична помош. Сумата 3.000 долари би требало да ги покрие трошоците за лекување.
Узбекистан исто така е целосно убеден дека туристите нема да бидат заразени со корона вирусот за време на нивната посета на оваа земја.
Всушност, тие се толку уверени што земјата ја започна кампањата „Безбедно патување загарантирано“, која им нуди на посетителите 3.000 американски долари надомест доколку за време на посетата се заразат со вирусот.
Узбекистанскиот претседател Шавкат Мирзиојев го потпиша указот во вторникот, а проценетата цена за лекување на коронавирусот во таа земја е 3.000 американски долари.
“Ние сакаме да ги увериме туристите дека можат да дојдат во Узбекистан, рече Софи Иботсон, амбасадор за туризам на Узбекистан во Велика Британија.
Сепак, постојат одредени процедури: за да добијат 3.000 УСД, патниците мора да ја истражуваат земјата со локален туристички водич.
Засега земјата објави дека е отворена за посетители од земји со низок ризик, како Кина, Израел, Јапонија и Јужна Кореја. Патниците од Велика Британија и Европа мора да поминат 14 дена во карантин кога ќе пристигнат.