Како бебе, на Шони Реј ѝ бил дијагностициран редок облик на рак на мозокот, поради што била подложена на различни хемотерапии кои го забавувале нејзиниот раст.
Шони сега има просечна висина на осумгодишно дете. Луѓето кои ја запознаваат за прв пат никогаш не би помислиле дека има 22 години!
„Кога би ме виделе за прв пат, би помислиле дека тоа е обично девојче. Но, вистината е дека јас не сум девојче, јас сум 22-годишна жена – заглавена во тело на осумгодишно дете!”
Нејзината мајка Пети раскажала тешка приказна за тоа како дознале дека Шони има рак на мозокот кога таа била само бебе.
Поради тоа, таа била подложена на тешка хемотерапија, која го забавила нејзиниот раст.
„Се чувствувам виновна, бидејќи таа мора да поминува низ тоа до крајот на животот. Затоа ќе направам се што можам за да ја заштитам колку што можам повеќе”, изјавила Пети.
Поради спецификите на болеста, но и агресивниот третман, Шон до крајот на животот ќе има висина и тело на осумгодишно дете.
„Јас привлекувам само манијаци и идиоти! Страшно е да се биде изложен на тоа! Морам да работам напорно за да запознаам некој нормален”, вели Шони, која се обидува да најде љубов.
Шони се обидува да стане независна од семејството, но во Америка каде и да се појави, луѓето ја прашуваат за години!