Продал стан за да го купи “Јагуарот“ во кој се возеле Цеца и Аркан (ГАЛЕРИЈА)

by Тони Зографски

Србинот Бојан Матиќ од Ваљево продал стан во центарот на градот и купил автомобил „Јагуар“ од лимитирана серија кој го посакувал уште како дете – јавуваат српските медиуми.

Матиќ автомобилот го купил пред околу една година, а за да ги види реакциите на заинтересираните, во еден момент, го огласил на продажба за 121.000 евра. Неговиот „Јагуар“ е произведен во ограничена серија од само 121 примерок.

Интересно е што во “Јагуарот“ се возеле Цеца Ражнатовиќ и Жељко Разнатовиќ Аркан на венчавката на 19 февруари, 1995 година.

– Мојот автомобил е посебен во сè и не е на продажба. На сите би им препорачал да ги следат своите соништа, изјавил тој за српската телевизија Прва.

Инаку, Матиќ го чува автомобилот во затворен простор од 35 квадратни метри кој го грее и има тепих. Тој сега живее во викендичка од 17 квадрати.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com