Британската актерка Ема Томпсон (65) доживеала непријатност кога излегувала од британска продавница за луксузна облека.
Имено, папараците го снимиле моментот кога продавачката ја запрела на излезот и ја замолила да ја прегледа чантата што ја имала со себе.
Познатата актерка беше облечена во лежерна облека со темни панталони, темен џемпер и сива капа на главата, а околу половината врзала јакна. На грбот имала голем црн ранец.
Судејќи според фотографиите, Ема се засрамила, но сепак ја отворила и ѝ ја покажала внатрешноста на чантата.
На крајот учтиво ја поздравила продавачката и продолжила по патот. Сан напиша дека продавачката не ја препознала и дека дури во еден момент ја следела низ продавницата, сомневајќи се дека сака да украде нешто.
Ема е англиска актерка, комичарка и сценарист, добитничка на два Оскари и Еми, Златен глобус и БАФТА.