Џенифер Лопез се појавува пред малите екрани во романтичната комедија „Shotgun Wedding“ која во јавноста се објави кон крајот на 2022 година. Во неа глумат и Џош Духамел, Џенифер Кулиџ и Лени Кравиц, а повторно најмногу се зборува за беспрекорниот изглед на 53-годишната актерка.
Сцените од филмот уште една гледачите ги оставија без зборови затоа што Џеј Ло навистина изгледа како со годините да запрела во 30-тите, а според нејзините зборови прекрасниот изглед на телото и лицето им ги должи на редовното вежбање, добрата генетика и козметиката на база на маслиново масло.
Така нејзината фигура поради една сцена во филмот особено дошла во прв план кога на сетот се наоѓала во кратка, бела маица и гаќички.
Покрај тоа, убавицата носи модни комбинации кои совршено ги нагласуваат нејзините облини, а сите знаат дека најпознат ѝ е задникот.