Маскирани провалници упаднале во домот на актерот Киану Ривс во Холивуд Хилс и му го украле пиштолот, објавија денеска американските медиуми.
Полицијата во Лос Анџелес добила анонимен телефонски повик за можен провалник на имотот на холивудскиот актер, но кога полицајците пристигнале во неговиот дом, немало никој, изјавиле извори за „ТМЗ“.
Полицајците се вратиле пет часа подоцна, околу 01:00 часот по локално време, кога се огласил алармот. Во тој момент, полицајците забележале неколку мажи со скијачки маски на безбедносните камери како кршеле прозорец и влегувале во куќата на Ривс, проценета на околу седум милиони долари.
Еден од осомничените го украл пиштолот од домот на Ривс пред да побегне. Во тоа време актерот не бил дома. Ова не е првпат да биде провалена неговата куќата – во 2014 година актерот се соочил со двајца натрапници.
Жена во четириесеттите упаднала во неговата куќа додека Ривс спиел, а потоа и таа заспала на столот. Кога се разбудил, актерот разговарал со непозната жена, која му рекла дека дошла кај него да разговара, а потоа повикал полиција.
Еден ден подоцна, друга жена влегла во неговата куќа, вратата не била заклучена, а Ривс во тој момент не бил дома. Наводно, таа потоа ја соблекла целата облека, влегла во туш кабината и потоа скокнала во неговиот базен, пред хигиеничарките да повикаат полиција.