Вчера во Лондон се одржа премиерата на филмот “The King”. На црвениот тепих се прошета актерската екипа од филмот, меѓу кои и младата глумица Лили Роуз Деп, ќерка на Џони Деп.
Лили позираше во елегентна црно-бела комбинација и ги привлекуваше погледите како на фотографите така и на присутните фанови. Но, таа имаше проблем со својата модна креација, бидејќи на неколку пати нејзините гради можеле да испаднат, па глумицата мораше да реагира.
Инаку, Лили Роуз Деп има 20 година, а нејзина мајка е француската пејачка Ванеса Паради, која беше во врска со Џони Деп полни 14 години, од 1998 до 2012 година. Лили ја започна филмската кариера кога имаше само 15 години, во филмот “Tusk “.