25-годишната Молдавка Милена Кабау од предградието на Кишињев е во притвор затоа што отрула две момчиња на приватна новогодишна забава. Станува збор за нејзини поранешни момчиња, заради кои на почетокот од 2020 година морала да абортира. Оваа девојка ја имала таа несреќа да забремени во време кога била во паралелна врска.
Кога им кажала дека е бремена и двајцата ја откачиле и не сакале да ја превземат одговорноста. Периодот пред, за време и по абортусот на Милена тешко и паднал, пред се, психички и морала да оди кај психијатар.
Откако нејзиниот пријател ѝ рекол дека и двајцата поранешни момчиња ќе се појават на споменатата новогодишна забава, Милена решила да ги отруе. Сепак, таа не сметаше на фармацевтот, во чиј објект ги купи недозволените подготовки, да слушне еден од нејзините телефонски разговори.
Во тој разговор, фармацевтот ја слушнал Милена како разговара со некого за нејзините идни намери. По два дена, жената од аптеката дознала дека двајца момци биле отруени на забава и „собрала 2 и 2“, повикала полиција.
Околу 20 гости кои биле на забавата биле повикани на разговор, но никој не се посомневал во неа. Сепак, камерите во аптеката откриле дека таа е првата осомничена и била приведена. На разговорот во полиција ја признала својата постапка, но рекла дека немала намера да ги убие туку „само малку да ги здоболи стомакот“, како нејзе пред една година. Момчињата имале многу среќа и поминале само три дена во болница.