Првиот човек на регионот Кампанија, Виченцо де Лука имал неверојатниот јавен настап кој предизвикал воодушевување особено на социјалните мрежи.
Имено, по влегувањето на војската во овој регион и продолжувањето на недисциплината на одреден дел од граѓаните, Де Лука одржал емотивна прес-конференција на која посебни минути им посветил на оние кои не ги слушаат наредбите на италијанската влада, се собираат, прославуваат…
Се заканил отворено, пред камери, со карабинери со фрлачи на пламен? Практично предупредил на отворена војна со оние кои не сакаат да ги слушаат правилата за карантинско однесување.
“Слушам дека има план за прослава на матура во нашиот регион. Ако го направите тоа, ќе ви пратам карабинери со фрлачи на пламен”, рекол револтираниот Де Лука во јавниот говор кој бил пренесуван на телевизија.
Оваа изјава ја пренеле сите италијански медиуми, а секако, не одолеваат ни светските.
Најавил борба против коронавирусот иста како и кон луѓето кои се однесуваат неодговорно и дрско.
Инаку, Кампанија е под удар на вирусот, бројот на заболени расте со огромна брзина, а овој јужен регион нема ни приближно финансиски способности како на пример богатата Лобардија, за да се бори со пандемијата.
"Vi mandiamo i carabinieri con il lanciafiamme " pic.twitter.com/0QdSCBeFLL
— Zio Jack (@ZioJackk) March 20, 2020