Кајакарот Џереми Ворти сподели на Фејсбук две снимки во живо без да насети дека тоа му се последните зборови кои ќе ги упати до најблиските. Тој се удави само неколку часа откако тргна на пловидба со кајак во разбрануваните води на брегот на Нов Јужен Велс во Австралија.
Во 5,45 часот во саботата, тој споделил 10-минутно видео снимено од неговиот кајак додека се обидуваше да лови риби, но работата запрела поради разбрануваното море. На снимката, тој изгледа дека носи појас за спасување. Тој објасни дека ја проверил временската прогноза и затоа тргнал подоцна.
– Мислев дека тоа ќе биде проблем.
Нешто помалку од саат време подоцна, Ворти повторно се вклучи на Фејсбук и во живо објаснуваше како силни ветрови го фрлаат неговиот кајак лево – десно, и дека едвај успева да весла.
Ветерот бил толку силен што неговиот глас едвај можеше да се слушне во четири минутното видео, но можеше да се чуе како се расправа со самиот себеси во која насока е најбезбедно да се упати кон брегот.
Заводот за метеорологија на Нов Јужен Велс издаде временско предупредување во саботата попладне предупредувајќи ги граѓаните дека ветерот ќе крене бранови до 5 метри.
Во неделата, полицијата на Нов Јужен Велс соопшти дека 43-годишникот е пронајден мртов на Лонг Бич, и дека се верува дека се удавил.
Еден минувач во неделата околу 12:30 часот ја повикал службата за итни случаи, откако забележал празен кајак, јави полицијата. Локалната полиција го извлекла телото на човекот од вода и се обиделе да го реанимираат пред да пристигне Ургентната служба на местото на настанот.
– И покрај исклучителните напори, човекот починал на лице место, се вели во соопштението.
Полицијата не го откри неговиот идентитет, но неговите последни преноси во живо беа преплавени со коментари од неговите пријатели и познаници со изрази на сочувство и жалење што не можеле да му помогнат.
Posted by Jeremy Peter Worthy on Saturday, May 23, 2020
Пред да се приклучи на Фејсбук по втор пат, тој споделил фотографија од Google Earth на која се открива неговата локација.
– Сигурен сум дека тоа беше последниот повик за помош. Жал ми е пријателе, требаше да ги повикам службите за спасување кога видов како се бориш во бурното море. Мислев дека може да се справиш . Се чувствувам виновна затоа што не сфатив во каква тешка состојба се наоѓаш, напишал негов пријател.
Posted by Jeremy Peter Worthy on Saturday, May 23, 2020