Возач на камион имал многу среќа.
Инцидентот се случил на автопат во Америка кога возило се испречило пред камионот. Имено, непознатото возило наеднаш влегло во сообраќајот без да го пропушти камионот. 33-годишниот камионџија нагло закочил за да не удри во возилото.
Иако успеал да го избегне ударот со брз маневар, големата инерција предизвикала движење на два од шесте челично-бетонски столбови. Два столба, секој тежок околу 2,5 тони, буквално излетале, пробиле низ кабината и застанале на патот пред камионот. За среќа, во неконтролираното движење на бандерите, возачот поминал без повредени, а немало жртви ни меѓу другите учесници во сообраќајот.
Полицијата не успеала да му влезе во трага на непознатото возило чиј возач со ненамерен маневар ја предизвикал несреќата. Моментално трагаат по т.н „возило фантом“.