Последниве денови не само Србија туку и целиот регион ги потресе приказната за 59-годишниот Предраг Бошковиќ од Косјериќ и неговата мајка Олга (77) која цел живот го носи својот неподвижен син на грб. Вчера во куќата на Бошковиќ пристигна количка донација на една српска иселеничка од Париз.
-Не знам како можам да ви се одолжам. Од срце вѝ се заблагодарувам за доброто дело – и рекол Предраг на жената кога се слушнале на телефон.
-Ништо вие не ми должите, само да сте живи и здрави – му одоговорила.
Инаку, Предраг од раѓање се бори со церебрална парализа. Каде и да одел, одел на рамената на мајка си, за која вели дека е мајка-храброст.
– Својот живот ми го подари мене – вели Предраг.
Таа кога бил мал го носела на училиште, а денес иако има 77 години, Олга својот Предраг го качува на грб и го носи до тремот каде тој има резбарска работилница.
„Ми се чини дека имам некаков талент во себе“ вели скромно Предраг
Во куќа стара 120 години, Предраг живее опкружен со работи што самиот ги направил. Ниту една техника не му е туѓа, од гравирање до декупаж. Секој предмет што излегува од неговата работилница е нов подвиг.