Пристигна парот штркови во најголемото штрково гнездо во Европа, со висина од 3,2 метри, кое се наоѓа на Задружниот дом во Чешиново.
Тоа е гнездото бр.1, според броењето на штрковите гнезда од страна на Здружението “Оризова братимка” од Чешиново, кое е извршено во 2019 година.
Чешиново е дел од општината Чешиново-Облешево, која е прогласена за Европско село на штркот за 2013 година.