Откако е на сила апелот за вакцинација против ковид-19, во тек е националната дебата за тоа дали истите правила треба да важат и за оние кои имаат таканаречен природен имунитет од претходната инфекција со коронавирусот.
Политичарите, спортистите, професорите по право и психијатрите веќе го зедоа предвид спорот околу централното прашање: Дали на луѓето кои имале ковид, навистина им е потребна вакцина?
Луѓето кои се опоравиле од заразата со ковид-19 имаат одредена заштита од вирусот. Но, силата и трајноста на имунитетот зависат од возраста, здравствената состојба и сериозноста на почетната инфекција.
Вакцината ќе го зголеми нивниот имунитет, давајќи им долготрајна заштита од сите варијанти.
Новинарката која се занимава со здравство и наука, Апрува Мандавили, открила дека – како и речиси сѐ што е поврзано со вирусот – е многу комплицирано, пренесува „Тајм“.
– За разлика од вакцините, кои се чини дека произведуваат прилично силен имунолошки одговор кај речиси сите, природната инфекција е малку попроменлива. Колку е издржлив и силен вашиот имунитет, изгледа зависи од тоа колку била сериозна инфекцијата – колку што била потешка, толку повеќе заштитувала – рекла Апрува.
Меѓутоа, природниот имунитет има и некои предности.
Антителата од претходна инфекција се поразновидни и можат да се одбранат од поширокиот спектар на варијанти од оние кои ги произведуваат вакцините.
Природната инфекција, исто така, ја стимулира одбраната во носот и грлото – токму таму каде што е потребно за да се спречи друга инфекција – додека вакцините произведуваат антитела главно во крвта.
Фрагменти од вирусот, исто така, можат да останат во телото со недели по инфекцијата, што му дава на имунолошкиот систем повеќе време да научи да се бори против него, додека протеините што ги носи вакцината брзо излегуваат од телото, пишува „Њујорк тајмс“.
– Но, долготрајно, не е отпорен на инфекции, исто како и вакцините – рекла Апрува. Се чини дека природниот имунитет нуди заштита барем неколку месеци, а можеби и една година, од повторната инфекција која предизвикува симптоми.
Уште една голема непознаница е колку добро природниот имунитет штити од поновите варијанти. Повеќето студии што го следат природниот имунитет беа спроведени пред појавата на сојот делта, а последните истражувања се неизедначени.
– Пред многу месеци, пред сојот делта, би постоел аргумент дека луѓето кои имале ковид-19 велат дека не сакаат да се вакцинираат. Но, сега знаеме дека сите не произведуваат навистина силен одговор на инфекцијата. Се чини дека не се толку отпорни на варијантите како во односот на оригиналниот вирус – рекла Апрува.
„Исто така, знаеме дека тие можат повторно да се заразат по одредено време, па дури и ако не се разболат многу, можат да го пренесат вирусот на другите ако се заразат. Значи, од сите тие причини, тоа и понатаму има смисла, а на луѓето сѐ уште им е важно да се вакцинираат. И заради сопственото здравје, но и за да ги заштитат другите“, додала таа.