Додека светот се бори со коронавирусот, пандемијата има и некои неочекувани нус-појави. Во Венеција која е затворена за туристи, мештаните приметија дека водата во градските канали е многу почиста. Дури за прв пат може да се видат како пливаат риби во каналите.
-Водата во Венеција е како на Малдивите. Никогаш не сум видел риби во каналите, а Венеција никогаш не била почиста – е само еден од коментарите на видеото.
Нешто слично како во Венеција, патки се населија на чистата вода во најпознатата фонтана во Рим, а делфини уживаат долж крајбрежјето на Сардинија…