Ја менува облеката 5 пати на ден, бара да му се пеглаат дури и врвките за чевли, не оди никаде без даската од wc школката …
Најстариот син на кралицата Елизабета, принцот Чарлс, како и другите членови на кралското семејство, постојано се наоѓаат под лупа на јавноста. Во неодамна снимен документарец се откриени навиките и барањата што ги има принцот Чарлс, а многумина останаа без зборови.
Меѓу слугите, Чарлс дури доби и исмејувачки прекар – опседнат принц.
“Неговите пижами треба да се пеглаат секое утро откако ќе се разбуди, секој пат откако ќе се носат чевлите се вадат врвките и се ставаат под железна основа за да бидат рамни. Кога е во бањата, мора да биде во одредена положба, а температурата на водата секогаш мора да биде идентична “, откри Пол Барел, поранешен батлер на принцезата Дајана, кој исто така е многу добро запознат со барањата на принцот.
А ова се дел од неговите бизарни навики и барања…
- Обожава да пушта црвени верверици да трчаат околу неговата куќа Биркхол во замокот Балморал во Шкотска.
- Принцот Чарлс никогаш не руча.
- Сака да се преслекува пет пати дневно, а има бизарни барања за својата послуга. Имено, тие секое утро мораат да ги пеглаат неговите пижами, а потоа и врвките на чевлите!
- Принцот секаде со себе носи своја штица за тоалетна школка, а спие исклучиво на кралска постелнина, која се пегла и затегнува така што не смее да има ниедна линија на неа, па таквото местење на креветот може да трае и цел час.
- Исто така, водата за бањање мора да има точно одредена температура.
- Неговите барања одат толку далеку што послугата мора да му става паста за заби на четката и тоа во мерка од точно 2,5 сантиметри.
Comments are closed.