Принцот Хари пред Високиот суд во Лондон се судрил со фотограф (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Принцот Хари пристигна во Високиот суд во Лондон, бидејќи вчера (понеделник) започна четиридневното рочиште за случајот околу заштита на приватноста против издавачот на „Дејли Меил“.

Тој претходно поднел тужба против „Associated Newspapers“, заедно со други познати личности, вклучувајќи ги пејачот Елтон Џон, неговиот сопруг и режисер Дејвид Фурниш и актерките Елизабет Харли и Сејди Фрост.

При влегувањето во судот, група фотографи го опколиле принцот, а тој се судрил со еден од нив.

Инаку, ова е неговото прво доаѓање во Британија откако неговата баба, кралицата Елизабета, беше погребана минатиот септември. Ова негово патување е на само шест недели пред да биде крунисан неговиот татко. Курнисувањето ќе се оддржи на 6-ти Мај.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com