Принцот Хари наводно доживеал нервен слом во текот на престојот во Канада, јавуваат американските медиуми.
Според изворите, принцот Хари не можел повеќе да го поднесе притисокот кој кралските должности му го наметнувале на семејството, поради што наводно здравјето сериозно му било нарушено, па така тој неколку недели посетувал психијатар, а за сето тоа обвинета е Меган Маркл.
Американскиот таблоид „Глобе“ објави вест дека член на британското кралско семејство доживеал „таен ментален слом“ за време на одморот и Божиќните празници. Наводно, Хари и Меган не отишле во Канада сами, имено тим на терапевти кои се грижеле за емоционална вознемиреност на принцот патувале со нив.
„Принцот едноставно повеќе не можеше да гледа колку лошо се справува неговата сопруга со улогата на аристократка. Стравуваше дека Меган ќе го остави и ќе го земе нивниот син Арчи со себе. Сите тие околности си го земаа својот данок и во еден момент тој „пукна“, поради што со недели беше на терапија кај психијатар кој го посетуваше во вилата во Канада, за време на божиќните празници“, открил непознат извор, велејќи дека Меган тоа го искористила и го советувала дека ќе бидат многу посреќни, доколку едноставно, се откажат од кралските должности и се отселат од Велика Британија
Но кралскиот биограф и новинар, Пени Јунор не е премногу оптимист смета дека принцот, вртејќи го грбот кон кралското семејство, се нашол себеси „на сигурен пат до самоуништување“.
“Меган беше несреќна и емотивно нестабилниот Хари го повлече со себе. Неговата одлука за преселба дополнително ја засили принцот Ендру, велејќи му дека, за жал, покрај неговиот постар брат Вилијам, тој секогаш ќе биде „втората виолина“ (истото се случи со него – Ендру живее во сенката на принцот Чарлс) … Исто така кралската „компанија“ ги користи парите за да ги контролира Хари и Меган. Веројатно ќе го присилеа да ја напушти сопругата еден ден, исто како што тврди принцот Ендру дека му направиле со Ферги…, убеден е Пени Јунор.