Сопругот на кралицата Елизабета Втора, 97-годишниот принц Филип не е повреден во сообраќајната несреќа која се случила во близина на кралевскиот посед, Сандрингем.
“ Принцот Филип учествуваше во сообраќајна несреќа со две возила. Војводата од Единбург не е повреден“, соопштува Бакингемската палата.
Како што јавува Би-Би-Си, „ренџ ровер“, кој го управувал принцот по сударот се превртел со автомобилот. Според исказите на сведоците, по несреќата војводата бил многу вознемирен.