Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон е многу зафатена и за неа неможе да се каже дека се однесува како вистинска принцеза, односно, ништо да не работи по цел ден. Таа има своја агенда според која го мине секој ден.
Како мајка на три деца 37-годишната принцеза балансира меѓу своите обврските и носењето на децата во училиште.
Според пишувањето на “Vanity Fair“, иако има послуга, Кејт сака повеќето работи да ги завршува сама. Таа дневно се пресоблекува пет пати. Тоа значи, работна облека за одење во школо, посета на добротворниздружение, предпладневен чај и вечера. Принцезата се труди да најде време за себе како и за децата.
Таа се занимавше со спорт а и сега ужива во трчање и возење велосипед. Многу често оди на вежбање со сестра и Пипа, односно голем фан е на кросфит и јога. Кејт често игра фудбал и со своите деца.