Британет, татко на две деца, ја оставил партнерот откако се заљубил во 22-годишна бегалка кој дошла да живее кај нив откако избегала од конфликтот во Украина.
Тони Гарнет (29) и неговата партнерка Лорна (28) ја примиле Софија Каркадим на почетокот на мај, но само десет дена подоцна нивниот навидум среќен брак се распаднал и Тони заминал да живее со Софија.
Чуварот кој живее во Бредфорд, Западен Јоркшир, вели дека се заљубил во Софија и дека сакаат да го помине остатокот од животот со неа.
Софија, која побегнала од Лвов, рекла дека ѝ се допаднал Тони штом го видела и дека тие двајца сега ја живеат својата љубовна приказна, пренесува „Дејли Мејл“.
Тони открил дека со Софија има врска каква што немал досега, додавајќи дека е свесен и дека постапил правилно.
Семејството ја прифатило Софија во обид да им помогне на украинските бегалци да ја избегнат војната, а Тони за британски Сан изјавил дека сака да ја направи вистинската работа и дека Софија била првата личност што го контактирала на Фејсбук, кога ѝ понудил сместување.
Софија работи како ИТ менаџер. Таа отпатувала за Манчестер на 4 мај, откако со недели чекала во Берлин за да добие виза за Велика Британија. Тони изјавил дека тој и Софија брзо развиле врска и дека таа им се допаѓа и на неговите ќерки.
Тони зборувал словачки, па го искористил за да се договори со Софија, но тоа не и се допаднало на неговата сопруга и се чувствувала изоставено.
„Одлично се сложувавме, но во тоа време немаше ништо повеќе, иако гледам дека Лорна почна да се чувствува љубоморна и лута на неа“, изјави Тони.
Како што минувале деновите, Софија му се придружувала на Тони во теретана, а разговарале и во неговиот автомобил.
„Дома сфатив дека наоѓаме изговори за допирање, тоа беше како флерт, но ништо повеќе од тоа не се случи во таа фаза“, рече тој.
Како што двојката се зближувала, така Лорна станувала се повеќе љубоморна, па го прашала Тони зошто Софија цело време го следи.
„Атмосферата стана многу лоша и Софија ми рече дека не може да продолжи да живее со нас“, рече тој.
Откако работите станале уште пожешки, настанала расправија и Софија рекла дека повеќе нема да живее во иста куќа со Лорна. Тони и рекол на жената дека ако Софија замине, ќе си замине и тој.
Тони и Софија потоа се преселиле кај родителите на Тони и сега бараат куќа за себе.