Претседателот на Австрија Александар Ван дер Белен на својот Фејсбук профил објави фотографија како со своето куче преминуваат на улица и пешки оди кон претседателската канцеларија.
„На пат кон канцеларијата. Пешачењето е добар начин за организирање идеи, цртање перспективи и заострување на фокусот“, напиша Ван дер Белен на Фејсбук.