Пред некој ден на социјалните мрежи беше објавен овој текст за урбан херој од Скопје.
Секое утро без исклучоk овој човек инаку сопственик на портокаловата семкара на автобуската станица наспроти ТЦ Антико во Карпош 4 го чисти тротоарот, целата автобуска постојка, па дури и самата улица…
А ако дојдете вечер да купите семки, сончоглед или кикирики дури и во 22ч повторно ќе ве дочека истиот лик со зборовите: ‘Повели комшија!’
Ако веќе бараме урбани херои и пример за граѓанска и работна етика, еве еден кој со дела покажува што значат еснафски манири.