Паулет Липарт е жена која победила рак на дојка. Откако ѝ бил дијагностицирана агресивна форма на рак, таа направила двојна мастектомија. Била под стрес дека нема да има можност за реконструктивна операција, што значи дека никогаш повеќе нема да има гради. Наместо да се повлече во себе и да се срами, таа чувствувала гордост, затоа што ја надминала болеста. Со цел да се подигне свеста кај жените ширум светот, за важноста од раното откривање на рак, како и да се претстави како навистина изгледа, таа тргнала на пат, пеш, до Белата куќа.
Нејзиното патување е моќен потсетник дека лузните, без разлика дали се физички или емоционални, не значат срам. После неколку месеци хемотерапија, операција и постоперативен период, конечно се спасила од оваа болест. Но, тоа не било доволно. Откако ја објавила фотографијата на Фејсбук, таа решила да им помогне на другите жени, да пронајдат начин да се справи со траумата и решила да го изоди целиот пат со откриени гради.
Откако ја слушна нејзината приказна, продуцентот Саша Солодукиња се инспирираше да снима документарен филм, следејќи го на нејзиното патување. Така е создадена приказната „Scar Story“ или „Приказна за лузна“, во соработка со режисерката Емили Мекензи. Тие веруваа дека нејзината приказна има моќ и потенцијал да ја смени свеста на илјадници жени кои се соочиле со оваа болест.
Во последно време, американското општество станува сè поотворено во разговорот за рак на дојка. Сепак, свеста се изразува на погрешен начин. Розовите ленти, фокусирани на ова прашање само во месецот на свесност, октомври, не се доволни. Се добива впечаток за актуелноста на темата, што треба да биде постојано актуелна. Она што овој документарец сакаше да го постигне е да претстави реална слика за тоа како изгледа ракот, без да го завитка во розов целофан.
„Приказната за ракот на дојка е полна со болка, страдање, грда е и за неа потрбна е храброст“, истакнува Липарт која само сакаше да ја претстави приказната со овој документарец.