Во почетокот на осумдесетите години за мекиот еротски филм “Емануела“ се бараша карта повеќе по кината ширум Југославија. Филмот во кој во улагата на Емануела се појавува култната Силвија Кристел премиерно бил прикажан во 1974 година, а во Југославија стигнал во 1981 година. Спаѓа во класики на европскиот и светскиот еротки филм, но во еден период бил забранет од тогашниот француски претседател Жорж Помпиду. Но, неговиот наследник Валери Жискар Дестен го вратил во кината.
Филмот раскажува за сексуалните авантури на младата девојка Емануела. Таа заминува во Бангкок за да му се придружи на својот постар сопруг, дипломатот Жан, кој ги толерира нејзините вобрачни афери. Емануела има блиски односи и со младата Мари – Анж, но и со постарата Би со која заминува во џунглата за да ги истражува своите сексуалности.
Kога почнал да се прикажува, филмот не им се допаднал на критичарите, но набрзо тој станал еден од финансиски најуспешните филмови во Франција. Иако почетнио буџет на “Емануела“ бил 500.000 долари, филмот заработиl 100 милиони долари. Цели 13 години toj се прикажувал во кината во Франција, а доживеал и неколку продолженија. Последното е снименo во 1984 години.
Инаку, носителката на главната улога, глумицата Силвија Кристел почина во 2012 година.