Признанието на познатиот актер го изненади Холивуд: „Копнеев по неа, таа беше божица (ФОТО)

by Тони Зографски

Познатиот актер Дени Девито се потсетил на снимањето на филмот „Batman Returns“ од 1992 година, кога соработувал со познатата Мишел Фајфер.

Имено на Девито му биле потребни години и години за да открие дека тогаш бил маѓепсан од неа, што не беше тешко со оглед на тоа што таа сè уште е една од најпосакуваните жени во Холивуд.

„Едноставно таа е толку прекрасна. Копнеев по неа“, рече Девито, пренесе „Page Six“.

Како што му раскажа на Колин Фарел, многу повеќе внимавал на својот изглед кога таа била на снимањето.

„Таа беше божица. Секогаш се вцрвенував кога знаев дека таа ќе биде во некоја сцена. Морав да ставам повеќе шминка, беше навистина тешко“, рече Дени.

Фарел ја искористи можноста да се пошегува, па го праша актерот дали Мишел некогаш повикала обезбедување поради него, но Дени одговори дека изгледа нејзе ѝ се допаѓала таа атмосфера.

Инаку Мишел Фајфер неодамна наполни 67 години и е во брак со Дејвид Е. Кели повеќе од 30 години со кого ужива во љубовта.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com