Од вчера во Германија стапи на сила одредба според која сите кои се вакцинирани против корона или го прележале вирусот ќе бида ослободени од некои мерки за борба против пандемијата.
За вакцинираните и прележаните веќе нама да важат ограничувањата за контакти во приватниот сектор.
За оваа група на граѓани нема да важат ниту ноќните ограничувања на движењето воведени во области со седумдневна инциденца над 100 .
Исто така луѓето кои биле вакцинирани и граѓаните кои имале коронавирус, исто така, нема да бидат ставени во карантин по враќањето од странство. Исклучок се оние кои се враќаат од областа со т.н. вирусни варијанти, пренесува порталот Индекс.хр.
Тие исто така се ослободени од обврските за тестирање во услужните дејности кои бараат тестирање, како што се некои продавници или фризерски салони. Истото ќе важи и за терасите на угостителските објекти кога ќе се објави отворањето.
Другите мерки, како што се носење маски или одржување на растојание, остануваат во сила и за оваа група граѓани.
Инаку до почетокот на викендов во Германија 7,6 милиони граѓани ги примиле двете дози на вакцината, претежно тоа се повозрасни граѓани од приоритените групи.