Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, на Фејсбук објави фотографија од младоста, на која се тој и неговата сопруга Јасмина.
„Пре само пар година за нас“, пишува тој во описот на фотографијата, цитирајќи го стихот од популарната песна на југословенската група „Екатерина Велика“ (ЕКВ).