Претседателот Стево Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска синоќа беа меѓу гостите на вечерата во организација на Кралот на Шпанија, Фелипе VI и неговата сопруга, Кралицата Летиција во рамки на дводневниот Самит на НАТО во Мадрид.
„Вечерва со сопругата Елизабета Ѓоргиевска присуствувавме на свечената вечера, која во чест на лидерите на земјите-членки на #НАТО, учесници на Самитот, ја приредија Кралот на Шпаниja Н.В. Фелипе Шести и неговата сопруга Кралицата Летиција. #NATOSummit #RoyalPalaceMadrid“, напиша претседателот Пендаровски на Фејсбук.