Прретседателот на Монголија, Батулга Калтма и уште неколкумина владини министри се наоѓаат во 14-дневен карантин по враќањето од Кина.
Државната агенција Монстаме објави дека државниот врв е сместен веднаш по враќањето од Кина поради можна зараза од коронавирусот.
Инаку, Батулга беше првиот претседател која ја посети Кина откако таму почнаа да се применуваат итните мерки поради вирусот корона.
Тој во четвртокот во Пекинг, заедно со државниот врв на Монголија имаше средба со претседателот на Кина, Си Ѓипинг и премиерот Ли Кечанг.