Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот се очекува нов влажен бран со врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер, повремено ќе се засилува.
Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 5 степени, Маврово 8, Охрид 10, Прилеп 12, Кавадарци 15, Крива Паланка и Берово 9, Дојран 12…
Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта кон вторник претпладне. Поради спуштање на студена воздушна маса од север ќе поминуваат во снег и на некои пониски места, особено во северните делови.