Во гаража e претепан 31-годишниот Илија Тозија, поранешен управител во фирмите поврзани со Сашо Мијалков.
Ноќеска во гаража во Скопје го нападнале три непознати лица. Напаѓачите носеле маски и со тврди предмети го удирале Тозија по телото, објави А1он.
Тој во 02.30 часот во СВР Скопје, пријавил дека околу 00.00 часот во гаража од зграда на ул.„50-та дивизија“, со употреба на тврд предмет, физички го нападнале три лица. Полицијата работи на расчистување на случајот.
Инаку, Тозија беше член на надзорниот одбор на Државна видеолотарија, а беше предложен и за член на надзорниот одбор на Стопанска банка АД Битола, по што се повлече поради лични причини. Во 2015 година кога синовите на Мијалков ја отворија фирмата „Бест Веј Инвестмент“, Тозија беше назначен за управител на компанијата.
Илија Тозија, поранешен управител во фирмите поврзани со ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, утринава во околу 02:30 часот во МВР пријавил дека бил нападнат од три лица во неговата гаража.
Од МВР го потврдуваат овој настан, но не кажуваат повеќе детали и велат дека работат на истрагата.
Тозија пред неколку месеци излезе од сите фирми поврзани со семејството Мијалкови.
Тозија беше член на надзорниот одбор на Државна видеолотарија, а беше предложен и за член на надзорниот одбор на Стопанска банка АД Битола, по што се повлече поради лични причини. Во 2015 година кога синовите на Мијалков ја отворија фирмата „Бест Веј Инвестмент“, Тозија беше назначен за управител на компанијата.
Во август годинава, Тозија се повлекува од сопствеништвото на „МаксБет“, а еден месец претходно се повлекува и од „Бест Веј инвестмент“.
Во полициските кругови се шпекулира дека неговото повлекување се должи на извесни недоразбирања меѓу него и управувачките структури поврзани со фирмите на семејството Мијалкови.