Претепал четири жени во ресторан, го осудија на 24 години затвор (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Чен Џижи е прогласен за виновен за нападот кој започна кога една од жените го одбила неговото додворување.

Други 27 мажи се осудени за насилството, во кое користеле шишиња, столици и со тупаници ги тепале жените.

Видеото од надзорот стана вирално, предизвикувајќи дебата за родовото насилство во Кина.

По нападот, две од жените поминале време на интензивна нега, додека другите две жени се видени на фотографии облеани во крв, иако нивните повреди првично биле оценети од полицијата како само „мали“.

Чен е казнет со 320.000 јуани (45.000 долари) покрај 24-годишната затворска казна.

Останатите обвинети се осудени на затвор од шест месеци до 11 години.

Судот им нареди на Чен и петмината обвинети да ги надоместат медицинските трошоци и другите загуби на четирите жртви, пишува Глобал тајмс.

Активистите за правата на жените велат дека семејната злоупотреба останува распространета и недоволно пријавена во Кина.

Извештајот објавен веднаш по нападот покажал дека постапувањето со случајот од страна на локалниот заменик-директор на окружната полиција и другите службеници било „бавно и неправилно“.

Кинеските власти ја цензурираа онлајн дебатата за нападите врз жените и се обиделе нападот да го опишат како криминал на банди, јавуваат дописниците.

Злобноста на нападот предизвикал бес и жестока дебата на социјалните мрежи, станувајќи една од најдискутираните теми на Веибо, популарна платформа за социјални медиуми во Кина.

останати вести