Синовите на Сашо и Влатко Мијалков синоќа заедно со уште четворица претепале едно 19-годишно момче во клубот Харт бар, на ул, Наум Наумовски Борче во Скопје и во моментов се во полициската станица Кисела Вода во Скопје.
Полицијата ги сомничи двајцата братучеди од семејството Мијалкови дека синоќа во кафе бар заедно го претепале тинејџерот кој нападот го пријавил денеска. Ќотекот продолжил надвор, пред објектот, а откако момчето паднало на земја, продолжиле да го удираат со клоци по телото и по главата. Лекарска помш му била укажана во болницата Наум Охридски.