Откако вчера Новак и Јелена Ѓоковиќ објавија дека се позитивни на коронавирусот, мајката на најдобриот тенисер на светот, Дијана, вели дека се чувствуваат добро.
„Сите се чувствуваме добро, и тие двајца. Тоа што Новак е позитивен на вирусот не значи дека е болен.Тој е млад и здрав човек, па така полесно го поднесува тоа. Меѓудругото, бидејќи вирусот ја има загубено својата моќ, нема некои сериозни последици по заразените“ – вели Дијана, мајката на Новак и додава дека сепак и таа се тестирала на коронавирусот бидејќи била во контакт со својот син.
„Ние се тестиравме поради тоа што бевме таму, но негативни сме, како и децата на Новак и Јелена, и тие се негативни. Сите се чувствуваме добро и на сите им посакуваме здравје“.
Новак моментално е на удар на светските медиуми поради организацијата на тенискиот турнир, а светската јавност е безмилосна откако Григор Димитров ја обелодени вистината дека е позитивен на коронавирусот.
„Многу е страшно тоа што го пишуваат, но на тоа навикнавме. Како одвај да го дочекаат тоа. Нив очигледно Новак им пречи“ – заклучила Ѓоковиќ.