Секогаш е актуелна дискусијата околу прашањето, дали модата знае за години и дали мора да заборавиме на некои парчиња кога ќе достигнеме зрелост. Судејќи според коментарите кои пристигнаа на штета на стајлингот на 62-годишната холивудска глумица Мелани Грифит, се чини дека повеќето се согласуваат дека некои парчиња се само за помладите девојки.
Имено, папараците ја фотографираа Мелани како шета низ град, а таа носеше кратки џинс шорцеви и кошула. Нејзината комбинација на облека предизвика вистинска лавина коментари и голема дискусија на социјалните мрежи.
„Таа е премногу стара за ваков стајлинг. Шорцевите како овие се за помлади жени“, се само дел во низата коментари за нејзиниот стајлинг. „Во тие години подолгите модели се задолжителни“, додаде друг нејзин обожавател.