“ПРЕСТАНЕТЕ ДА С*РЕТЕ“: Дино Раѓа застана во одбрана на Ѓоковиќ (ФОТО)

by Тони Зографски

Легендата на хрватската кошарка, Дино Раѓа преку својот Фејсбук профил застана во одбрана на Новак Ѓоковиќ по бројните критики кои беа упатени кон првиот тенисер во светот поради организацијата на „Адриа тур“.

„Неверојатна количина на с*ање беше фрлено врз Ѓоковиќ овие денови, вистински натпревар кој повеќе ќе се по*ере. Човекот направи сѐ за да ѝ помогне на Хрватска да се промовира во светот и да спаси барем дел од летната сезона. Сигурно е дека имаше грешки, но во прв ред од Димитров и од организаторот, а потоа од учесниците. Ништо подобри не сме ние Хрватите, кои не носиме маски ниту држиме дистанца, но најлесно е за сопствените проблеми да удриме по Новак. Тоа што се случи треба да ни биде за памет и предупредување дека вирусот е меѓу нас и дека треба сериозно да се сфати. И дека без разлика на статусот и на богатството, сите еднакво сме подложни на зараза со Ковид-19“, напиша меѓу другото Раѓа.

Инаку, Ѓоковиќ во моментов е во самоизолација, а заразени со коронавирусот се уште и тенисерите Борна Чориќ и Виктор Троицки.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com