9-годишната Мекензи Гонгора од Сан Антонио, Тексас почина во сон само три дена откако и беше дијагностициран коронавирусот, иако немаше посериозни симптоми. Нејзините родители сакаат да ја предупредат јавноста дека ковид-19 може да биде опасен и за децата.
На девојчето и бил дијагностициран коронавирусот на 29 јануари, откако повраќала и се жалела на главоболки. Три дена подоцна на 1 февруари Мекензи се чувствувала подобро, но се жалела на замор. Следното утро нејзината мајка не можела да ја разбуди. Девојчето починало во текот на вечерта, во сон, пишува Мирор.
Нејзината мајка Кристл, која е медицински работник, се консултирала со колегите кои и рекле да ја следат состојбата на девојчето и да и мери температура.
– Кензи немаше респираторни проблеми, ништо значајно не се случуваше. Сите симптоми беа лесни, вели Викторија Саутварк, тетка на починатото девојче.
Таа покренала хуманитарна акција на „GoFundMe“ за да собере пари за трошоците за погребот. Напишала дека нејзината внука изгледала како да закрепнува, дека симптомите доаѓале „нагло“.
Но, вечерта на први февруари таа рекла дека се чувствува уморно и си легнала порано. Другата тетка на девојчето, Ерика вели дека Кристл го проверувала детето за време на вечерта.
– Во еден момент таа повторно замина да ја провери и тогаш виде дека Мекензи не дише, не можеше да и го почувствува пулсот, тврди Ерика.
Од нејзиното семејство велат дека не забележале други здравствени проблеми кај девојчето. Единствено било мала за својата возраст.