Блогерката Вирџинија Тап една година ја перела косата само со вода.
– Никогаш полесно не ја чешлав косата која сега ми је погуста. За една година заштедив пола кило фарба и 24 шишиња шампони и балзами за коса – напиша таа на Инстаграм.
Првите шест месеци, како што објаснува Вирџинија, не почувствувала никаква промена на својата коса, а потоа почнала се почесто да и се мрси. Тогаш темето си го испрала со сода бикарбона и го решила проблемот.
– Сметам дека не треба секој да престане да користи шампон, бидејќи сите немаат иста коса. Но, шампоните содржат агресивни супстанци. Заклучок е, престанав да користам шампон и никој не умре. Косата ниту ми е мрсна, ниту ми е сува. Не мириса, но не ни смрди. Мириса како обична коса – напиша на Вирџинија Тап на својот блог.