Глумицата Тања Робертс која вчера речиси сите светски медиуми ја прогласија за мртва, сепак е жива. Актерката која играше со Роџер Мур во филмот со Џемс Бонд „A View to a Kill“ е хоспитализирана откако паднала во нејзиниот дом.
Нејзиниот публицист, Мајк Пингел, по грешка ја пријавил 65-годишната актерка за мртва во понеделникот што наведен многу светски медиуми да објавуваат стории во кои се вели дека таа починала.
Пингел подоцна за Асошиетед прес изјави дека Робертс сè уште е жива, но била во лоша состојба. Публицистот рече дека чека нови ажурирања за состојбата на Робертс.
Претходно тој рече дека Робертс колабирала во нејзиниот дом и бил примена во медицински центар во Лос Анџелес.
„Скршен сум. Беше брилијантна и убава. Таа беше најслатката личност која може да ја запознаете и имаше огромно срце“, рече тој.
Пингел за новинската агенција ПА изјави дека семејството чека на нови вести од медицинските лица, додавајќи: „Не изгледа добро“.