Епидемиологот професор доктор Драган Данаиловски за Радио телевизија Србија оцени дека прераното укинување на рестриктивните мерки доведе до високи високи бројки и втор бран.
-Рестриктивните мерки се укинаа доста рано. Знаевме дека олабавувањето на рестриктивните мерки ќе доведе до пораст на бројот на новозаразени, но сепак ми се чини дека укинувањето на тие мерки не беше направено полека и постепено, истакна за РТС, Данаиловски.
Тој исто така додава дека укинувањето на мерките граѓаните го доживеаа како еден вид на прогласување на крај на епидемијата.
-Олабавувањето на мерките граѓаните го доживеаа како прогласување на крај на епидемијата, а морам да признам дека во сето тоа со изјави кумуваа и одредени јавни личности, вели Данаиловски за РТС.