Уникатни, сертифицирани суровини набавени исклучиво од престижни компании во Лондон и Барселона предадени во сигурните раце на тимот од Sixth Sens компанијата, за прв пат не водат во исклучително здраво, правилно но и моќно негување на кожата на лицето.
Потполно природен производ со витамини Ц, Д, Е, рузмарин, камилица, ленено семе, невен, зелен чај и напреден проибиотик за хидрирање, измазнување, освежување и заштита од штетните надворешни влијанија во форма на серум, мицеларна вода и антирид за подочници.
Првата македонска ферментирана палета на производи без синтетски суровини е здравиот пристап и третман за секој тип на кожа и за секоја возраст бидејки и нуди на кожата се она што и е неопходно во текот на деноноќието.
Crystal Clear Skin – ПРИРОДЕН ФЕРМЕНТИРАН СЕРУМ (30 мл)
Природен серум 3 во 1 збогатен со напреден пробиотик за надополнување на природната микробиолошка разновидност на Вашата кожа кој помага да се создаде идеален микробиом кој го забавува процесот на стареење. Оваа лесна и негувачка формула ја зголемува влажноста на кожата. Кожата ќе биде мека, освежена и хидрирана. Пробиотиците се ефикасни инфламатори што помага во смирувањето на црвенилото, иритацијата и разните состојби на кожата како акни, розацеа и сува кожа.
Серумот Crystal Clear Skin е мултифункционален серум за лице, формулиран за да ги намали првите знаци на стареење и дава избалансиран тен. Направен од природни активни состојки, овој серум содржи пробиотик, камилица, невен, витамини Ц, Д и Е за да даде совршен и здрав изглед на кожата. Овој серум дава третман на кожата кој обезбедува оптимална хидратација и природен сјај и има антисептичко, антивоспалително и антибактериско дејство.
Crystal Clear Skin – ПРИРОДНА ФЕРМЕНТИРАНА МИЦЕЛАРНА ВОДА (250 мл)
Природната ферментирана мицеларна вода 3 во 1 ефикасно ја чисти и освежува кожата, веднаш ги отстранува шминката, нечистотијата и вишокот на себум без да ги шири низ лицето. Зајакната со пробиотици за зачувување на влажноста и подмладување на кожата, оваа хранлива формула ја прави кожата чиста и мазна. Пробиотиците се ефикасни инфламатори што помага во смирувањеа на црвенилото, иритацијата и разните состојби на кожата како акни, розацеа и сува кожа. Освежувачката формула е изработена од активни состојки како пробиотик, камилица, невен и Д – пантенол. Освен што ја навлажнува, негува и заштитува кожата, ја чини мека и свиленкаста. Го забавува стареењето и го подобрува тенот. Го стимулира создавањето на нови клетки во површинските слоеви на кожата и има антисептичко, антивоспалително и антибактериско дејство.
Crystal Clear Skin – Крем за околу очи (5мл)
Кремот за околу очи, против стареење и брчки содржи Ретинол кој може да помогне во зголемување на влажноста на кожата, а во исто време го ревитализира недворешниот слој на кожата, за да изгледа и се чувствува помека и помазна. Природната и хранлива формула е подготвена да и помогне и да ја заштити кожата како и да ги намалите првите знаци на стареење на истата.
Препаратите не содржат парабен, глутен, силикон, фталати, сулфати, вештачки бои и парфеми!
Наменети се за сите типови на кожа и за сите возрасти!
Трите производи се спакувани во луксузна кутија која уште на прв поглед мами воздишки, а веќе по првата апликација на препаратите отварате нов пристап во негата и грижата за Вашата кожа и Вашата убавина.
Достапни во сите подобро снабдени аптеки!