Д-р. Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија, објави статус на неговиот профил на Фејсбук преку кој апелираше до своите колеги Бујар Османи и Венко Филипче да се насочат кон Пекинг, откако Ковакс механизмот најверојатно ќе обезбеди поголеми количини за земјите членки на ЕУ, а потоа за посиромашните земји.
“Денес и Унгарија ја одобри новата кинеска вакцина CanSinoBIO (Convidecia).
Се работи за векторска вакцина, слична на руската Sputnik V, но најголема нејзина предност е ДАВАЊЕТО НА САМО ЕДНА ДОЗА !!!!
Еве начин МАКЕДОНИЈА, да ја ставиме на брзата лента за вакцинација.
Convidecia веќе се користи во Кина, Мексико, Пакистан, а од денес и во Унгарија.
Колеги Бујар Османи и Венко Филипче, пренасочете го авионот од Мадрид, Брисел кон Пекинг, PLEASE“, напиша д-р Беќаровски.