Светски познатиот пијанист Симон Трпчевски деновиве после пауза од 11 години повторно настапи во Штип.
Концертот кој што се одржа во рамки на Домот на културата „Ацо Шопов“ виртуозот бил приморан да го прекине поради лошите услови, односно поради фактот што во салата немало греење, а имало проблеми и со струјата.
“Овој концерт ме потсетува на еден концерт кој го одржав пред три недели во главниот град на Узбекистан, Ташкент, каде што газеле нашите беломорски Македонци кои биле приморани да ја напуштат Егејска Македонија и топло ги профатиле таму, па се вратиле итн.
Мене ми беше мило да одам и да отсвирам таму и таму во говорот пред публиката се потсетив на трет концерт којшто се одржа пред 11-12 години во Прилеп, кадешто јас настапив на сцена со греалка покрај моите нозе. И ќе ви парафразирам што и кажав јас на публиката. Практично разбрав дека почнувајќи од утре, официјалните институции на Штип ќе работат без греење. Овие луѓе на сцена, драга публико, се херои, да бидам искрен. Јас се задржувам овде десеттина минути на сцена вечерва, во меѓувреме те се греам, те се ладам зад сцена, но тие се овде и верувам дека ќе ми простат за овие плус пет минути што ви ги кажувам. Многу ми е мило што ја делам сцената вечерва после повторно веројатно 11-12 години во Штип и кога дојдов денеска од една страна слушам вакво нешто: „Тошеее рефлекторо не работе!“. Од друга страна слушам „Па тоалето нема хартија! Одам струја нема. Изгорела е сијалицата. Радијаторите отишле.
Немојте да ме сфатите како некој стенд-ап комедијант овде, но ова е дел од мојата потреба да ви го кажам ова. Некои ќе ме сфатат, некои не, но од друга страна слушам колку е прекрасно чувството на народот, на штипскиот народ да знае за вакви прекрасни настани како овој вечерва што се случува практично секоја година, тоа го знам новогодишниот концерт на средното музичко училиште. Колку е убаво да се биде на концертот на КУД Ристо Донев, на други аматерски групи, на други концерти итн, и колку е убаво вие како публика да сте желни да добиете еден убав културен настан“ меѓудругото рекол Симон Трпчевски.
Резил на концертот на Симон Трпчевски во Штип
Posted by MKvesti.mk on Friday, January 17, 2020