Либанскиот премиер Саад Харири и подарил повеќе од 15 милиони долари на манекенката за костими за капење Кендис ван дер Мерве од Јужна Африка, покажале судските документи. Харири е оженет и има три деца. Тој ги наследи парите од неговиот татко Рафик Харири, кој беше убиен во 2005 година.
Саад ја запознал Кандис ван дер Мерве во луксузно одморалиште на Сејшелите пред шест години. Таа на Сејшелските острови била донесена кога имала 19 години, а клубот во кој работела го посетувале некои од најбогатите луѓе во светот. Кандис истакнала дека работата на моделите била рутински да доаѓаат во клубот за да создадат чувство на гламур и ексклузивност за време на забавата.
Даночната управа тврди дека таа сè уште треба да плати данок на најзиниот „ауди Р8 спајдер“, како и на џипот „ленд ровер евок“.
Според судските документи, Ван дер Мерве ги тужи властите во Јужна Африка за 65 милиони долари поради обидите да го истражат нејзиното богатство. Како што рекла, нејзиниот имот бил замрзнат за време на истрагата и поради тоа морала да продаде некои предмети.
Нејзиниот правен тим рекол дека бара отштета поради влијанието на даночната истрага на нејзината кариера.
“Нејзината врска со Харири е прекината, што резултирало со загуба на финансиската добивка која ја добила од врската”, рекле нејзините адвокати.